Забрана за Авганистанките да работат во невладини организации со исклучоци

Талибанската забрана за работа на жените во странските невладини организации во Авганистан не се однесува на вработените во мисиите и канцелариите на Обединетите нации, за меѓународниот женски персонал и жените коишто пружаат здравствени услуги, пренесуваат во вторникот медиумите.

Талибанскиот министер за економија Дин Могамад Ханиф ги соопштил тие исклучоци на средбата со вршителот на должноста шеф на Мисијата на ОН за помош на Авганистан (UNAMA), Рамиз Алакбаров во понеделникот во авганистанската престолнина Кабул.

Копија о белешката од состанокот била на увид на германскиот јавен сервис ARD, пренесува агенцијата DPA.

Последното во низата талибански ограничувања со кое на Авганистанските им се забранува да работат во странските невладини организации, предизвика гнев во западните земји и од нив финансираните меѓународни институции кои се заканија со прекин на дејствување во земјата доколку не биде повлечена таа забрана. Неколку невладини организации веќе ја прекинаа работата во земјата.

Обединетите нации предупредија дека во Авганистан се случува хуманитарна катастрофа. Но иако Авганистанците со децении тешко живеат, кога талибаните ланскиот август се вратија на власт, а западните земји кои ја напуштија државата инсистираат нивната влада во Кабул да не биде меѓународно призната, дополнително ја запреа помошта и ги замрзнаа девизните резерви на Авганистан во странство, што предизвика економски колапс на земјата и населението го остави без работа.

Според документот, Ханиф рекол дека главната причина за одликата е непридржувањето на шеријатските правила и прописи кои ги наложуваат талибаните, а главно се однесува на неносењето на муслиманската прекривка за глава на жените позната како хиџаб.

„Секоја влада има своја рамка и прописи коишто треба да се почитуваат, вклучително и исламскиот хиџаб и обезбедувањето поволно работно опкружување за жените“, го цитира наводот на Ханиф агенцијата DPA.

Талибанскиот министер рекол и дека во текот на годините забележал оти не се почитува талибанскиот кодекс за облекување и дека се обидувал да го реши тој проблем со дијалог со невладините организации сѐ додека тоа не дошло до повисоките челници на движењето Талибан.

Извори о невладините организации рекле дека не се оправданите обвинувањата за непрописното покривање на главите на нивниот женски персонал.

Според една неименувана невладина организација која има канцеларии во Кабул и во другите покраина, талибаните никогаш не влегле во нивните згради или, пак, ги запирале автомобилите со нивниот женски персонал на контролните пунктови поради несоодветно облекување, а мажите талибани не можеле да влегуваат во деловите од канцелариите во кои работи женски персонал.

Вработен во невладината организација рекол и дека никогаш не слушнал дека некоја друга невладина организација примила забелешки во врска со тоа.

Во медиумскиот извештај се пренесува и дека министерот Ханиф рекол оти ќе поддржи изнаоѓање решение и дека му се потребни неколку денови на UNAMA да ѝ се обрати со конкретен предлог.

Шефот на Бирото на ОН за човекови права, Вокер Тирк, предупреди дека забраната жените да учествуваат во образованието и работата во Авганистан може да го дестабилизираат општеството и да предизвикаат „ужасни каскадни ефекти“ во земјата.

„Овие несфатливи ограничувања за жените и девојчињата не само што ќе го зголеми страдањето на сите Авганистанци, туку, стравувам, ќе претставува ризика и надвор од границите на Авганистан“, предупреди Тирк во вторникот во Женева, алуирајќи на ризикот од нови бранови бегалци.