Променливо облачно со сончеви периоди, на одделни места услови за дожд

Во Македонија во средата наутро по одделни котлини е со појава на магла или ниска облачност, додека преку денот ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди. На места ќе има услови за локален слаб дожд.

Утринската темепература се движи минус 3 до 4 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 8 и 14 Целзиусови степени.

Во Скопје и околинаата претпладне има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и температура до 9 степени.