Сериозен инцидент го одбележа дуелот меѓу Детроит и Орландо во НБА лигата, а заврши со мешаница меѓу двете клупи и исклучување на тројца играчи.
Нервозните моменти се случиле пред крајот на полувремето кога дошло до дуел меѓу Мориц Вагнер и Килијан Хејс, при што кошаркарот на Детроит го удри Вагнер во задниот дел на главата, а овој ја загуби свеста.
Вагнер направил погруб прекршок над Хејс кој реши да му врати на несоодветен начин, а невообичаената ситуација била надградена со дуелот меѓу играчите на двете екипи и обидот на официјалните лица да спречат поголем инцидент.
По него, покрај Вагнер и Хејс, исклучување добил и Амиду Диало од тимот на Детроит. Сигурно НБА ќе казни и дел од играчите на Орландо кои ја напуштиле клупата.