На Дендиас му се слошило за време на литургија на Света Гора

За време на литургијата во манастир на Света Гора, на министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас му се слошило, меѓутоа според извори од грчкото МНР тој е во добра здравствена состојба, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за надворешни работи на Грција, за грчките медиуми брифирале дека Дендиас имал појава на ортостатска хипотензија, но е добар.

Според државната телевизија ЕРТ, веднаш интервенирал лекар кој го прегледал Дендиас, а подоцна ќе се разгледа и ќе се одлучи дали шефот на грчката дипломатија ќе продолжи со планираните активности за денеска, во рамките на неговата дводневна посета на Света Гора што започна вчера.