Двајца прилепчани приведени за силување и овозможување на злосторството

Во средата попладнето, околи 17,50 часот во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп ги лишиле од слобода Е.А. на 33 и С.А. на 52 години, двајцата од Прилеп.

Е.А. се сомничи дека во текот на денот извршил обљуба врз 63-годишна жена од Прилеп, додека С.А. дозволил пред него во неговиот дом да биде извршена обљубата врз жената која ја познава од претходно.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.