Најмалку 39 лица ги загубиле животите а уште 25 други се водат како исчезнати во поплавите предизвикани од обилните дождови на Филипини, се наведува во ажурираниот вечерен извештај од четвртокот на Националниот совет за спречување ризици и справување со природни катастрофи.
Поројните поплави погодија повеќе од 503.800 луѓе во десет региони на Филипини, се наведува во извештајот. Според агенцијата, 107.900 раселени лица се сместени во 179 центри за евакуација. Најмалку 1.420 лица се превентивно евакуирани од нивните домови, а 12 се повредени во однос на вчерашниот извештај. Во девет региони на земјата се пријавени 433 инциденти поврзани со налетот на стихијата, како што се поплави и лизгање на земјиштето.
Истовремено оштетени се 3.700 куќи и објекти а уште 875 други се целосно уништени, процените вкупно на 50,6 милиони пезоси, односно 907.000 американски долари. Штета на 95 инфраструктурни објекти, пак, се проценува на 110,4 милиони пезоси, односно 1,97 милиони долари, а земјоделството претрпело штети досега проценети на 230,3 милиони пезоси, или 4,12 милиони долари.
Штетите од поплавите во сообраќајната инфраструктура се пријавени на 127 патишта и 14 мостови, а пријавени се оштетувања и на 19 поморски пристаништа. Во 63 градови се забележани прекини во снабдувањето со електрична енергија, но снабдувањето веќе е обновено во 60 градови, а во две општини постојат проблеми со водоснабдувањето.
Владата изјави дека досега веќе издвоила 49,6 милиони пезоси, или 889.300 американски долари за помош на погодените подрачја
Наставата во образовните институции и работата во бројни компании и производствени капацитети има во 67 градови и 71 општина. Во 21 област е воведена вонредна состојба.