Телата на неколку илјади убиени цивили се откриени во југоисточниот украински пристанишен и индустриски град со мнозинско руско и проруско население Мариупол, за кој во почетокот на руската инвазија се водеа жестоки борби, објави во петокот агенцијата РИА сумирајќи резултати на рускиот Истражен комитет.
„Само во април, телата на 51 цивил беа пронајдени на позициите напуштени од украинските сили, а по целосното ослободување и пребарување низ градот, нивната бројка изнесуваше повеќе од три илјади“, изјавиле од Истражниот комитет.
Според руската истрага, во текот на операциите за отворање хуманитарни коридори од страна на руската војска која повеќе од месец го држеше во опсада градот, украинската војска го поделила Мариупол на неколку зони, а командата на Национална гарда била задолжена да ги попречува извлекувањата на цивилите од градот.
„Неможејќи да го напуштат градот и да се движат во потрага по храна и лекови, цивилите станаа жива цела и жив ѕид за украинските војски кои ги убиваа со различни видови оружје“, тврдат од рускиот Истражен комитет.
Истрагата предложила да се создаде ДНК база на податоци за загинатите жители на Мариупол, поради тешкотиите во утврдување на нивниот идентитет. Во текот на жестоките борби, кои траеја од почетокот на март, градот беше силно разурнат, беше објавено дека дваесет проценети од станбениот фонд не може да биде обновен.
Во текот на воените дејствија, руската војска отвораше коридори за безбедно излегување од градот кој територијата под контрола на украинската војска и кон отцепениот проруски регион Доњецк. Москва ги обвини украинските сили и паравоените формации дека се утврдуваат во станбени блокови и чувствителна цивилна инфраструктура како детски градинки, училишта и болници користејќи ги цивилите како жив ѕид или отворајќи оган кон оние кои се обидувале да го напуштат градот.
Во времето на прогласувањето на ДПР во 2014 година, Мариупол, со население од околу 450 илјади луѓе, беше вториот по големина град во републиката по Доњецк. Меѓутоа, во јуни истата година, украинските безбедносни сили ја вратија контролата над Мариупол. На 7 март 2022 година, дванаесет дена по почетокот на руската офанзива, Александар Семјонов, заменик командант на баталјонот Восток на ДПР, рече дека градот е опколен и дека започнало чистење на некои од неговите области. На 16-ти април руското министерство за одбрана објави дека градската територија на Мариупол е исчистена од украинската армија, странските платеници и припадници на паравоените формации на екстремните десничарски движења од злогласниот полк „Азов“.
Мариупол е пристанишен град на Азовското Море со околу 480.000 жители во областа Донецк, историска козачка крепост и е на патот од Русија кон Крим. Според последните податоци од 2011 година, околу 48 отсто од населението се Украинци и претежно русофони, 43 отсто се етнички Руси, 7 отсто се Грци а другото го сочинуваат Белоруски, Евреи, Ерменци, Бугари и други нации. Рускиот јазик го зборувале 87 отсто, а укринскиот го користеле помалку од 10 отсто, односно мешавина од руски и украински.