
Брачниот пар од Италија нема да го памети со задоволство овој Божик поради една неверојатна грешка која ги остави без дури 20 илјади евра. Имено, маж од Рим решил парите во вид на обврзници да ги скрие во каминот каде требало да се спаси од евентуална кражба.
Но, неговата сопруга не знаела за тоа, а оваа година решила да го запали огнот во каминот порано од претходните години и – сѐ се претворило во пепел.
– Секоја година пред да го запалам огнот ги преместувам парите. Кога ги видов пламените јазици, за малку ќе се онесвестев – изјавил Римјанецот за Il Messengero. Работата да биде уште полоша, температурите во Рим се натпросечни, но жената решила да го запали каминот поради празничната атмосфера.