Регионалниот Центар за упавување со Кризи (ЦУК) Велес соопшти дека продолжи континуираната координирана потрагата по женско лице од селото Сујаклари, кое во саботата во 00.35 часот се фрлило во реката Вардар од Мало Мовче во Велес,. До денеска до пладне ова женско лице не е пронајдено, го информирале ЦУК институциите и органите вклучени во потрагата. Поради временските услови на магла поголема потрага ќе биде можна утре.
„Во текот на денот потрагата се одвивала од копно, од централното градско подрачје низводно до селото Кочилари како и вчерашниот ден. Се продолжува трагањето со редовната патрола од страна на СВР Велес. Заради временските услови, конкретно намалена видливост и зголемен водостој на Вардар, било утврдено дека условите денеска не дозволуваат друга поголема акција. Потрага по лицето се планира да продолжи во текот на утрешниот ден при што е побарано од страна на СВР Велес да бидат вклучени ДСЗ со својот тим за заштита и спасување на вода, а според одѕивот и можностите да се вклучат и доброволни друштва и кајакари“, соопштија од ЦУК.
ЦУК дополнува дека на лице место веднаш по полноќ на 31 декември било барано телото на лицето од страна на екипа од 3 пожарникари на ТППЕ Велес и една екипа полицајци од СВР Велес. Истовремено преку ЦУК, паралелно со итната потрага координирана од РЦУК Велес со СВР Велес и ТППЕ Велес, биле известени сите релевантни институции – субјекти во Системот за управување со кризи (СУК).
Од утрото вчера потрагата продолжила, при што биле вклучени 6 пожарникари од ТППЕ Велес и 9 полицајци од СВР Велес. Се пребарувал теренот низводно до вливот на реката Бабуна во реката Вардар. Телото на женското лице од Сујаклари коешто од Мало Мовче се фрлила во реката Вардар.