Низа физички напади во Скопје и скопско

Во неделата попладнето и вечерта на територијата на СВР Скопје пријавени се повеќе нарушувања на јавниот ред и мир, а во насилствата се користени и тврди предмети, известува во понеделникот Министерството за внатрешни рабвоти.

На 01.01.2023 околу 10.00 часот во СВР Скопје 55-годишна жена пријавила дека во нејзината куќа во Драчево била физички нападната од две лица кои го барале нејзиниот син и притоа и се заканувале и оштетиле дел од инвентарот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во неделата околу 18 часот во селото уковиќ од полициски службеници од СВР Скопје е приведен П.Ќ. на 34 години со исправи од Република Косово затоа што според пријавеното околу претходно во текот на денот околу 11 часот во дворно место во селото Буковиќ, скопско, сопственост на 32-годишниот Ф.А., по претходна расправија, учествувал во нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.А. и М.А. од една страна и П.Ќ. од друга страна, при што во пресметката биле употребени тврди предмети, а пријавениот употребил остар предмет, кој бил пронајден и одземен. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Истиот ден околу 17,30 часот во Полициска станица Чаир 61-годишниот Ј.Ц. од Скопје пријавил дека на три дена претходно околу 10,00 часот додека бил на своето работно место во канцеларија на улицата „Боца Иванова“ на подрачје на Чаир по претходно недоразбирање бил физички нападнат од Т.С.

Вечерта околу 23 часот во Полициска станица Бит пазар Р.Е, на 32 години од Скопје пријавил дека еден час претходно на подрачје на скопски Бит пазар поради нарушени фамилијарни односи бил физички нападнат од 21-годишниот Љ.И. од Скопје.

Претходно околу 18,45 часот во Полициска станица Аеродром Ј.С., 56-годишниот од Скопје пријавил дека околу 15.30 часот на кејот на реката Вардар на подрачје на Аеродром бил физички нападнат со тврд предмет од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќта кон понедленикот, во 1,50 часот по полноќ во Полициска станица Чаир 20-годишниот Б.А. од скопското село Арачиново, и 21-годишниот Ф.Љ. од Скопје пријавиле дека околу 1,40 часот на бензинска пумпа на подрачје на Чаир биле физички нападнати од К.Р. и А.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.