Второто тело пронајдено на Пирин е на српски државјанин

Бугарската полиција го идентификуваше второто тело кое беше пронајдено заедно со телото на бугарски турист по кој се трагаше една седмица, и станува збор за српски а не за македонски државјанин како што претходно имаше сомнежи, објави во понеделникот електронското издание 24Часа.

Српскиот турист ја прославил Новата година во семеен хотел во околината и на први јануари заминал на пешачење до врвот Вихрен на планинатата Пирин.

На снимка направена со дрон се гледа дека во реонот каде што се пронајдени двете тела има и црвена јакна, но не е јасно дали има човек во неа или тоа е само надворешната облека. Спасувачите коментираат дека јакната била на многу поголема надморска височина од местото каде што ги нашле двајцата починати планинари и оти нема пристап во овој момент до локацијата.

Хеликоптер на бугарското воено воздухопловство нема да може помогне во подигањето на телата, поради силниот ветер во таа областа Неговата операција е запрена малку пред 14 часот по локално време.

Нова група спасувачи со втора количка е на пат кон местото под планината Вихрен, за со неа да биде пренесено и второто тело на српскиот државјанин. Се очекува акцијата да заврши во доцните ноќните часови.