Стојанов: Во Неготино се уредува паркова површина во вредност од 11 милиони денари

Интегрален текст од изјава на Горан Стојанов, градоначалник на општина Неготино

Сега се наоѓаме во населбата Саат кула каде што се уредува паркова површина. Самиот парк е обезбеден преку гранична соработка со Република Грција и проектот WINE UP за обезбедување на винскиот и локалниот туризам во општина Неготино.

Целиот проект е некаде околу 11 милиони денари од кои уредувањето е 6 милиони денари, а останатите ќе бидат употребени преку разни проекти за издржливи вработувања за промоција на локалниот вински туризам во општина Неготино.

Исто така преку овој проект ќе обезбедиме и дополнителни три вработувања кои ќе бидат и во јавниот и во приватниот сектор, така да се надеваме дека ќе биде една добра работа за самите граѓани за општина Неготино.