Куп на кралот: Убедливи Виљареал и Валенсија

Фудбалерите на Виљареал и Валенсија успешно ја завршија работата во шеснаесетфиналето на шпанскиот кралски куп и изборија место меѓу последните шеснаесет екипи.

Валенсија на гостински терен со 3:0 го совлада третолигашот Ла Нучија. Во првото полувреме стрелци за прволигашите беа Клајверт во 3 и Мориба во 31 минута, додека со погодокот на Хуго Дур во 72 минута беа поставени конечните 3:0.

Виљареал гостуваше кај второлигашот Картахена, кој изненадувачки поведе во 39 минута со голот на Пабло Васкез. Сепак, Виљареал брзо го сврте резултатот во вториот дел и на крајот победи со 5:1.

Најпрво израмни Алекс Баена во 49 минута, а потоа Данжума во 56 и Хозе Луис Моралес во 60 минута погодија за 3:1 за Виљареал. Дуелот го заокружија головите на Чуквуезе во 85 и Капуе во последната минута.