Јанис постави личен рекорд за победа на Милвоки (Видео)

После два меча на Лука Дончиќ со над 50 поени, Клеј Томпсон со 54, а завчера и Донован Мичел со 71 поен, поентерското лудило во НБА продолжи сега со спектакуларен настап на грчкиот ѕвер Јанис Антетокумпо, кој синоќа даде 55 поени со 10 скока и седум асистенции за победата на Милвоки Бакс над Вашингтон Визардс со 123-115.

Ѕверскиот настап на Антетокумпо е четврти во низа на кој има кошаркар со над 50 поени на меч, откако 2022 година заврши со брилјантен настап на Лука Дончиќ, а новата 2023 година ја отворија Томпсон со 54 поени од кои десет тројчи и потоа неверојатните 71 поен на Мичел, кој стана прв од Коби Брајант кој успеал да дојде до ваков ефект.

https://twitter.com/NBA_Africa/status/1610528303290679298?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1610528303290679298%7Ctwgr%5E77d3b6b097d0f0494e795daaad2e4c964231f551%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fkosharka%2Fnba%2Fpoenterskoto-ludilo-prodolzhi-vo-nba-sega-janis-imashe-chudesen-mech-so-55-poeni-video

Грчката ѕвезда во последните три меча има просек од 47,7 поени и 17,3 скока, па со тоа е само трет во историја кој на три меча по ред има ефект од најмалку 40 поени и 10 скока, а претходно тоа им успеа само на Мозес Малоун и Расел Вестбрук.

Ова беше 14-ти меч досега во сезоната во НБА на кој еден кошаркар стигнал до ефект од над 50 поени, а колку за споредба во ланската сезона вкупно беа 19 такви мечеви.

Бостон го доживеа најтешкиот пораз сезонава со 117-150 од Оклахома Тандер и ова е втор најлош настап во историја на Селтикс после тој во 1979 година кога примија 160 поени од Детроит.

Јута со 117-115 го победи Сакраменто во лудата завршница во која Лаури Марканен даде тројка за победа на „кралевите“, но не му беше признаена зашто навреме не ја исфрли топката пред да истече времето на 0.4 секунди пред крајот на мечот. Марканен беше најефикасен со 28 поени.