И утрово Скопје е меѓу најзагадените градови во светот

Скопје и утрово има проблеми со загадениот воздух и се наоѓа на осмата позиција на најзагадени градови во светот, покажа страницата која го мери загадувањето во светот „IQAir“.

Главниот град на Македонија утрово има индекс од 184 и се наоѓа на осмата позиција, а пред себе има неколку градови од Индија, Пакистан, Кина и Монголија.

Како и во претходните денови, така и денеска најзастапени во воздухот се отровните PM2,5 честички, а големо количество има и на PM10.