На 07/08.01.2023, во периодот од 22.00 до 04.00 часот, на подрачјето на СВР Штип е спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.
Од извршената контрола било констатирано дека 31 возач управувале возила под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и изготвени им биле прекршочни платни налози.
Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбдноста во сообраќајот.