Русија и Белорусија ги засилиле заедничките воени увежбувања, при што се потпираат на руското искуство во борбите во Украина со фокус на војувањето во урбани простори, извести во неделата телевизискиот канал на белоруското Министерство за одбрана.
Претходно во четвртокот во Минск беше објавено дека руско-блеоруските заеднички борбени групации во Белорусија добиел дополнително вооружување и специјализирана опреме, како и дополнителен број во жива сила, како и дека се планирани заеднички воздухопловни маневри.
„Регионалните групации на руските и белоруските трупи се обучуваат речиси без прекин. Интензитетот на вежбите само се засилува, а целта ние да бидеме подготвени да му возвратиме на агресорот на сите фронтови“, објави каналот ВоенТВ.
Се додава дека особено внимание му се придава на обуката на војниците за војување во урбани средини, како и користење на руските искуства од борбите во Украина каде што се судираат и со формации обучувани според стандардите на НАТО и платенички единици од регуларни војници од западните армии кои заминуваат како наводни доброволци на украинското боиште.
Засилената воена соработка меѓу двете земји коишто три децении имаат договор за соработка како заеднички сојузен простор и особено во сферата на одбраната, следи откако Минск зачестено предупредува на групирањето на трупите на НАТО на белоруските граници, како и провокациите од страна на украинската војска на заедничката граница.
Киев, кого Минск го обвини за повеќе провокации во пограничната област од почетокот на годинава стравува дека Белорусија може, покрај тоа што наводно ја отстапила својата територија за изведување операции на руската инвазија и да преземе поактивна улога во војната. Последните денови украински функционери за западните медиум, во контекстот на новите барања на дополнително оружје од Западот, велат дека Русија и можела во јануари да започне нова офанзива кон главниот град Киев, и тоа од територијата на Белорусија. Загриженоста во Киев расте и поради маневрите на заедничките руско-белоруски маневри, откако во октомври беше основана заедничка групација војски со околу 7.000 војници.
Белорускиот претседател Александр Лукашенко изминатите месеци повеќепати изјави дека Минск поседува сознанија за планови на Киев и некои соседни земји на територијата на Белорусија да бидат уфрлени белоруски опозиционери обучувани во борбите на украинска страна со цел да заземат помал град и да предизвикаат граѓанска војна и можно соборување на белоруската влада. Во исто време, Државниот граничен комитет на Белорусија постојано бележи провокации од Киев. Пријавено е дека Украинците минирале патишта и мостови, вршеле зголемени патроли и соборувале беспилотни летала на вооружените сили на Украина на територијата на Белорусија.