ФА Куп: Сити го декласираше Челзи

Фудбалерите на Манчестер Сити во неделата на својот „Итихад“ беа убедливи со 4:0 против Челзи, со што изборија пласман во четвртото коло на англискиот ФА Куп.

Сити уште по првото полувреме имаше уверливо водство од 3:0, остварено со погодоците на Ријад Марез во 23, Хулиан Алврез од пенал во 30 и Филип Фоден во 38 минута. Во продолжението Марез уште еднаш ја погоди мрежата на Челзи, во 85 минута реализираше пенал за 4:0.

Ова беше 18-ти меч на Челзи под водство на Греам Потер при што го впиша веќе шестиот пораз. По гостувањето во октомври кај Брајтон и поразот од 1:4, ова беше вториот меч на Челзи под водство на Потер во првото полувреме да прима три погодоци. А споредба, во 100 натпревари под водство на неговиот претходник Томас Тухел, Челзи никогаш не прими три гола во првото полувреме.

Манчестер Сити во четвртото коло ќе игра против победниот од соочувањето на водечкиот тим во Премиер лигата – Арсенал и нисколигашот Оксфорд.

За изненадувањето на колото се погрижи четвртолигашот Стивениџ кој на гостувањето ја победи Астон Вила со 2:1.

Домашните поведоа во 33 минута со голот на Морган Сенсон, но Стивениџ во завршницата на мечот постигна два погодока за голем пресврт. Израмни Џејми Рејд во 88 минута од пенал кој го направи Леандер Дендонкер и притоа заработи црвен картон. Пеналот го изнуди Дин Кемпбел кој во судиското продолжение на мечот и самиот беше стрелец за големото славје,.

Стивениџ сега го очекува гостувањето кај Стоук Сити кој на гостувањето со 3:0 го победи Хартлепул Јунајтед со два автогола на домашните. Стрелци беа Јуан Мареј во 16 – автогол, Џејком Браум во 43 и автоголот на Ролин Менејс во 48 минута.

Блекбурн Роверс на гостувањето со 1:0 го победи Норич Сити, а решавачкиот гол го постигна Џек Вејл во 31 минута.

Третолигашот Дерби Каунти го победи второлигашот Барнли со 3:0, а стрелци беа Џејми Колин од пенал во судиското продолжение на првото полувреме, Том Баркујзин во 60 и Џејсон Најт во 79 минута.

Дуелот меѓу второлигашите Бристол и Свонси заврши без победник 1:1. Гостите поведоа во 15 минута со голот на Џоел Пиро, а израмни Антоан Семенјо во 75 минута. Во обратни улоги истите тимови ќе играат повторен меч следната седмица.

Кардиф Сити водеше со 2:0 против Лидс Јунајтед, но гостите израмнија и изборија нов дуел.

Џејден Филоцејн-Бидејс во 24 и Окувасеџи Оџо во 31 минута погодија за Кардиф во првиот дел. Намали Родриго во 65 минута, но истиот играч во 80 минута не реализираше пенал, всушност Џејк Олнвик го одбрани неговиот удар. Пеналот го направи Џоел Бејгејн кој играше со рака и поради тоа беше исклучен. Сепак, во третата минута од судиското продолжение Сони Перкинс погоди за 2:2.