Жена во педесетте години од животот загинала во понеделникот откако била зафатена од снежна лавина во француските Алпи.
Според извештајот на локалните власти, најмалку седум скијачи околу пладнето биле поклопени од снежниот нанос.
Петмина биле пронајдени и откопани. Четворица се спасени, а едно лице е пронајдено мртво. Сѐ уште вечерта трае потрагата по преостанатите.
Француската метеоролошка служба издаде предупредување за лавина меѓу третиот и петтиот степен. Третиот степен претставува сериозни или опасни услови, додека петтиот степен е највисокото ниво на опасност од лавина и ретко се издава, според европската служба за предупредување од лавини.