Петрушевски: Ако не е лоша средба на партии од Македонија во Тирана, Ковачевски нека организира средба во Скопје со македонски партии од соседните земји

Штом СДСМ не гледа ништо лошо во потегот на Еди Рама за средба во Тирана на албанските политички лидери од Македонија, очекувам деновиве Димитар Ковачевски да го следи неговиот пример и да организира средба во Скопје со македонските политички лидери од Албанија, Грција, Бугарија и Србија.

Особено ме интересира реакцијата на официјална Бугарија и Грција кога ОМО Илинден Пирин и Виножито би се координирале со македонски премиер, коментира на социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.