ОЈО поднесе обвинение против Жан Митрев и неговата клиника

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против д-р Жан Митрев и неговата истоимено клиника. Според обвинителниот акт, се работи за кривично дело “Измама”, за што е предвидена казна затвор од 1 до 10 години. Ова беше соопштено на денешниот брифинг во Јавното обвинителство.

На синоќешното гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма тој рече дека е невин, никого не измамил и дека пациентите свесно по своја волја поднесувале депозити. За сите ненаправени услуги, како што рече, средствата биле враќани на нивна сметка.

Основното јавно обвинителство Скопје во август отвори истрага за измама на пациенти во приватната клиника „Жан Митрев“, а сопственикот на приватната клиника беше повикан на распит во врска со лекувањето на пациентите со методот на хемофилтрација. За да го спречи Жан Митрев да ја напушти државата, скопското обвинителство до Основниот суд Скопје 1 поднесе предлог за одземање на пасошот.