На 27 јануари СЗО ќе расправа за оправданоста на вонредната состојба поради корона вирусот

Комитетот на Светската здравствена организација ќе се состане на 27 јануари за да разгледа дали пандемијата Ковид-19 сè уште претставува глобална здравствена вонредна состојба, објави СЗО три години откако за првпат беше прогласена пандемија.

Комитетот за вонредни состојби го советуваше генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, кој ја донесува конечната одлука, дали епидемијата претставува таканаречен јавен здравствен итен случај од меѓународна загриженост, што е највисоко ниво на тревога на здравствената агенција на ОН, пренесува Ројтерс.

Неколку водечки научници и советници на СЗО рекоа дека можеби е прерано да се прогласи крај на вонредната фаза на пандемијата Ковид-19 поради високото ниво на инфекции во Кина, која минатиот месец ја заврши својата политика на нулта толеранција за коронавирусот, наведува британската агенција.