Полска имаше предност од два гола на стартот на мечот (4-2), но Франција со серија од 4-0 го сврте резултатот во своја корист (6-4). Иако Полјаците успеваа да останат во игра, сепак француските ракометари избегаа на четири гола разлика (12-8).
До крајот на полувремето за нијанса беше подобра Полска која се врати на еден гол негатива (13-14), а вистинска драма се случуваше во вториот дел кога Французите се обидуваа, но не успеаа да да им избегат на ривалите (21-21).
Французите, сепак, имаа повеќе нерви во финишот од средбата, па со неколку гола го решија натпреварот во своја корист (25-22).
Мем беше најефикасен кај Франција со шест гола, додека Шичко беше најдобар кај Полска со седум погодоци.