Британскиот принц Хари одговори на „болните“ реакции на неговите рекордно продавани мемоари, велејќи дека е особено вознемирен од „лагите“ дека се фалел дека убил 25 луѓе во Авганистан додека служеше како пилот на борбен хеликоптер.
Во својата книга „Spare“, помладиот син ја британскиот крал Чарлс Трети се присетува на своите две мисии во Авганистан, прво како преде контролор на воздушниот простор во 2007/2008 и повторно во 2012 година, кога беше копилот стрелец во јуришен хеликоптер од типот „Apache“, како и бројката луѓе коишто ги убил.
Британскиот печат, кој во книгата е жестоко критикуван, како и некои поранешни високи британски воени функционери ја нападнаа неговата одлука јавно да го објави бројките на луѓето што ги убил, велејќи дека тоа него и другите околу него би можело да ги доведе во опасност од одмазда.
Во разговорот со американскиот водител на чет-шоу Стивен Колберт во емисијата „ The Late Show“ на американската телевизиска мрежа CBS News, принцот Хари рече дека печатот наводно ги извртел неговите зборови за да го извлече од контекст неговото изјаснување, како и за тоа зборувал за да се намали бројот на самоубиствата на воените ветерани.
„Без сомнение најголемата лага којашто ја искажаа е дека некако сум се фалел со бројот на луѓето кои сум ги убил во Авганистан. Решив тоа да го споделам, бидејќи минав речиси две децении работејќи со ветераните ширум светот и мислам дека е најважно да се биде искрен и да може да се даде простор на другите да можат да ги споделат своите искуства без најмалку срам“, објасни британскиот принц.
Во вторникот издавачот на мемоарите на Хари изјави дека книгата станала најбрзо продавана публицистичка книга во Велика Британија, како и дека интимните откривања за неговиот живот и животите на другите членови на кралското семејство и неговите обвиненија за тоа дека соработувале со непријателски расположените медиуми, доминирале во британските медиуми со денови.
Изданието „Spare“ на англиски јазик е продадено во повеќе од 1,43 милиони примероци во сите формати и изданија во САД, Канада и Велика Британија во првиот ден од појавувањето.
„Нема да лажам, последните неколку денови беа билни и предизвикувачки“, рече принцот Хари.