Ѓоковиќ против Баено во првото коло на Австралија Опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги дозна своите противници во трката по 22-от грен-слем титула во кариерата. Ѓоковиќ е четврти носител на ждрепката, а одлучено е во првото коло да игра против шпанскиот тенисер Роберто Карбељас Баено, а во второто коло ќе игра против Уго Делен или квалификант.

Во третата рунда би можел да игра со Аслан Карацев или Ласло Ѓере.

Во осминафиналето Новак би можел да игра со домашниот тенисер Алекс де Минор, Григор Димитров или уште еден Шпанец Пабло Карења-Буста.

Како проекција, Новак во четвртфиналето би можел против Андреј Рубљев или Ник Кириос, се разбира ако тие ги поминат своите ривали.

Новак се наоѓа во полесниот дел од листата, пред се поради тоа што најдобро рангиран тенисер е Каспер Руд. Со него би можел дури во полуфиналето.

Новак избегна дуели со Данил Медведев, Стефан Циципас и Рафаел Надал пред евентуалното финале. Австралија Опен почнува на 16-ти јануари и ќе трае до 29-ти јануари.