Рекордни дождови во Калифорнија, се заканува уште поголема бура

Седмиот последователен бран обилни врнежи ја погоди во средата северната област на американската сојузна држава Калифорнија, без им даде време да здивнат на властите на државата веќе погодена со поплави, ветришта, прекини на струја и евакуации.

Центарот на Сан Франциско забележа 11 сантиметри дожд од 26-ти декември до среда наутро, додека меѓународниот аеродром во Сан Франциско, градот Оукланд и градот Стоктон објавија 16-дневни рекорди во истиот период, соопшти Националната метеоролошка служба. Државата како целина забележала 22 сантиметри во исто време, соопшти метеоролошката служба, што е повеќе од една третина од годишниот просек на врнежи. Големи делови од централна Калифорнија имаат повеќе од половина од нивните вообичаени годишни врнежи од 26-ти декември.

Додека потопот во средата беше релативно мал, со помалку врнежи и претежно ограничен во северозападна Калифорнија, се очекува уште една бура да го погоди поголемиот дел од државата овој викенд, рече метеорологот Зак Тејлор.

Десетици патишта низ државата станаа непроодни поради одроните од кал и снегот, а државниот Оддел за транспорт во средата ги предупреди возачите да излезат од патиштата додека екипите не го расчистат патот.

Во невремето, со големи врнежи дожд во некои планински области, усмрти најмалку 17 луѓе од почетокот на годината, објави во вторникот гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом. Уште една жртва беше пронајдена во средата наутро, кога спасувачките екипи во округот Сонома пронајдоа автомобил на 100 метри од патот, потопен во околу 10 метри од надојдената вода, со 43-годишна мртва жена внатре, соопштија официјални лица.

Потрагата по петтгодишното момче однесено од поројните поплави во близина на Сан Мигел, мало село во централна Калифорнија, ќе продолжи и во средата, соопшти локалната канцеларија на шерифот.

Налетите на ветрот ги срушија далноводите, а до средата напладне повеќе од 55.000 домови и деловни објекти останаа без струја, што е помалку од речиси половина милион погодени во текот на викендот.

Многу од наредбите за евакуација издадени низ целата држава се укинати, но не и во руралниот централен калифорниски град Планада, каде што населбите и деловните објекти останаа под вода.

Експертите велат дека зголемената зачестеност и интензитет на ваквите бури, прошарани со екстремни горештини и сушни периоди, се симптоми на климатските промени. Иако дождот и снегот ќе помогнат да се надополни акумулацијата, само две недели врнежи нема да ја решат дведецениската суша, велат експертите.
куации на цели градови.