Украина тврди дека Русија не го контролира Соледар

Портпаролот на командата украинските сили во источниот дел на земјата во петокот негираше дека руските сили го зазеле Солдеар, нагласувајќи дека украинските сили сѐ уште се борат во градот.

„Нашите единици се таму, градот не е под руска контрола“, изјави портпаролот Серхиј Череватиј за Reuters во телефонско јавување.

Истовремено шефот на Кабинетот на претседателот Андриј Еермак за парискиот дневен весник Le Monde во врска со моменталната ситуација во Соледар тврди дека ниту една од завојуваните страни не го контролира градот, туку оти и натаму се водат урбани борби.

„Ситуацијата е многу тешка. Ова е битката кај Верден на XXI век. Русите ослободуваат криминалци од затворите кои умираат веднаш штом ќе стигнат до првата линија. Нивните тела се оставени на самото место, не се ни отстранети, таму има многу, многу повеќе човечки загуби на руска страна отколку на нашата. Но  пред нас е човечка маса која постојано напаѓа, напаѓа, напаѓа. Соледар е место на улични битки каде ниту една страна не го контролира градот. Русите се таму, но тие не го контролираат. Ситуацијата е тешка, но ние се стреми кон една иста цел во оваа војна е да ги ослободиме нашите територии, целосно да го вратиме територијалниот интегритет на Украина“, вели Еермак.

Руското Министерство за одбрана во петокот објави дека руската војска ја презела контролата врз рударскиот град Соледар во источна Украина. Руските сили го освоија грдот за кој долго врмее се водеа невидено жестоки битки во четвртокот вечерта, соопшти руското министерство.

Се додава дека овој успех овозможува да се прекинат украинските патишта за снабдување до поголемиот град Бахмут на југозапад и да се опколат преостанатите украински сили во тој град.

Двете страни претрпеа големи загуби во битката за контрола на градот познат по рудниците за сол, но во своите извештаии притивничките загуби ги бројат „на илјадници“ војници, а за сопствените не изестуваат.