Седумнаесет екстремисти и едно дете се убиени во саботата при бомбардирање на камп на Исламистичката држава за обука.Како што пренесува АФП, убиеното дете било во посета на постариот брат кој се обучува во тој камп кој се наоѓа во градот Тибни во провинцијата Деир Езор, во долината Еуфрат.
Сиријските сили на претседателот Башар ел Асад последната недела покренаа воздушна кампања против џихадистите, и секојдневно ги бомбардираат местата кои се под нивна контрола.
Припадниците на Исламската држава се борат против владината војска и против курдската полиција во таа североисточна провинција во која живеат голем број на Курди.