
Во понеделникот во Македониј претпладне има појава на магла по одделни котлини. Преку денот претежно облачно, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег.
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.
Утринските температури се движат од минус 4 до 0 степени, додека во текот на денот максималните ќе се движат во интервалот меѓу 4 и 12 Целзиусови степени
Во Скопје претпладне со појава на магла, а преку денот умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се искачи до 8 степени.