Хајкенс: Баерн (М) ќе доминира во следните 10 години

Најзаслужниот за последната шампионска титула на Баерн (М) во германската Бундес лига и во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, Јуп Хајкенс е убеден дека баварскиот гигант може да доминира и во следните десет години.

„Тим со ваква структура, со ваква годишна возраст, со ваков квалитете и респект, може да доминира и во следната декада. Доволно се квалитетни, доволно се силни за да и понатаму бидат број еден во Европа во следните неколку години. Искрено, сега ми е многу полесно, не жалам по тренерската функција. Се чуствувам порелаксирано, немам обврска толку често да се појавувам во јавноста, не сум толку чисто по светлоста на рефлекторите”, изјави Хајкенс.