Приведена е Грета Тунберг

Климатската активистка Грета Тунберг беше меѓу приведените на денешниот протест против евакуацијата на германското село Луцерат, соопшти полицијата.

Тунберг беше приведенa додека протестираше во отворениот рудник за јаглен Гарцвајлер 2, на околу девет километри од Луцерн.

Шведскaтa активистa се приклучи на протестот во Германија минатиот петок. Таа седеше сама во голем полициски автобус откако беше приведена, јавија германските медиуми.

Во западна Германија, и по евакуацијата на активистите од селото Луцерат, кое пропаѓа поради проширувањето на рудникот за лигнит, протестите на еколошките активисти продолжуваат. Така, во Келн, оддалечен 40-ина километри, активисти го запреа сообраќајот за време на утринскиот шпиц. Полицијата се подготвува да одговори на слични акции, пренесе германската новинска агенција ДПА.

За време на протестот во Келн беа видливи жолти крстови, симболи на протестот против уривањето на селото Луцерат. Демонстрантите објавија преку Твитер дека јагленот под Луцерат мора да остане во земја.

Протести се одржаа и на други места во западна Германија. Во рудникот за лигнит Инден кај Ахен, демонстрантите запленија багер, па работата во рудникот беше прекината.

Според полицијата во Ахен, учествувале околу 20 демонстранти, а според компанијата РВЕ меѓу 30 и 40 демонстранти.

Група од околу 20 климатски активисти, исто така, ги окупираа железничките пруги кои водат до електраната Неурат во близина на Ромерскирхен, соопштија полицијата и РВЕ.

Климатските активисти од Луцерат за денеска најавија заеднички ден на климатска акција, пренесува ДПА.