Ревизија на законите поради недостиг од лекови во ЕУ

Европската унија ќе го менува своето законодавство поради недостигот од лекови со што се соочи во невообичаеното рано ширењето на инфективните заразни болести, најави во вторникот во Европскиот парламент, еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес.

Земјите членки на ЕУ се соочуваат со „остриот пораст на побарувачката на лекови поради ширењето на респираторните инфекции, а фармацевтските индустрии немаат доволни производствени капацитети“, констатираше Киријакидес на седницата на Европскиот парламент во Стразбур.

Европската агенција за лекови претходно објави дека недостатоци од антибиотици пријавиле 26 европски земји.

Киријакидес во дискусијата со европратениците поради тоа најави дека Европската комисија планира во март да изнесе предлог стратегии за осигурување на производството на лекови. Стратегијата ќе содржи предлог за ревизија на законодавството за фармацевтските производи и други меко, за „брзо да се засили производството“ и „сите пациенти да можат да дојдат до потребните лекови по пристапни цени“, изјави комесарката на Европската комисија за здравство.

Меѓу мерките се предвидени рано известување за недостатоците и транспарентно информирање за состојбата со залихите на земјите членки. Кирјакидес напомна дека ЕК активно води преговори со претставниците на фармацевтската индустрија за да се зголеми производството на лекови.

Киријакидес напомна дека HERA, телото на ЕУ за здравствени кризи формирано во текот на пандемијата на Covid-19, може да набави лекови и медицински потреби во името на земјите членки.

Во дискусијата повеќе европарламентарци предупредија дека преселувањето на производството на лекови во трети земји ја поткопува снабденоста на ЕУ. Некои од нив сметаат дека таквата зависност при набавката на лековите мора да се гледа како „првостепено безбедносно прашања“.

Европратениците во дискусиите истакнаа, меѓу другото, дека главна причина за лошата ситуација во ЕУ во врска со лековите е глобализацијата на производството на лековите, при што различите фази од производството се поделени на повеќе локации ширум светот. Притоа беше наведе податокот дека Кина и Индија произведуваат меѓу 60 и 80 отсто од светски активните фармацевтски состојки.

Други европратеници зборуваа за потребата со насочена индустриска политика производството на клучните лекови, како антибиотиците чиј недостиг станува сѐ поголем проблем бидејќи нивното производство е непрофитабилно, да биде вратено во Европа. Притоа беше повторена идејата за создавање на Европска здравствена унија, а беше истакнат и недостиг од здравствени работници во ЕУ.