Холандскиот премиер Руте му вети на Бајден испорака на „Patriot“ за Украина

Холандскиот премиер Марк Руте му рекол во вторникот на американскиот претседател Џо Бајден дека Холандија на Украина ќе ѝ го понуди напредниот и скап ракетен систем „Patriot“.

„Холандија ќе им се придружи на САД и на Германија и ќе испрати противвоздушниот систем Patriot во Украина. Мислам дека е важно да се придружиме, а за тоа утрово разговарав со германскиот канцелар Олаф Шолц“, изјави Руте пред Бајден во Белата куќа.

Бајден пред делот од разговорите зад затворени врати му се заблагодари на Руте за тоа што е „многу, многу доследен“ во својата поддршка за Украина. Руте притоа рече дека Холандија решила да потроши дополнителни 2,5 милијарди евра за поддршка на Украина, што претходно и го најави неговата влада.

Бајден и Руте би требало да разговараат за натамошна поддршка на Украина, „како и за натамошна соработка во областите на одбраната, безбедноста и зајакнување на билатералните односи“, се наведува во холандското соопштение.

САД во декември одлучија да ѝ додела на Украина нов пакет воена помош во висина од 1,85 милијарди долари, а кој првпат ќе ги вклучува системи за противвоздушна одбрана „Patriot“, како што истакна тогаш американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека тоа е потребно за Киев да дојде до што подобра позиција во преговори „кога ќе дојде времето“ за тоа.

Аналитичарите од вашингтонскиот Центар за стратегиски и меѓународни студии (CSIS) минатата седмица објавија процена дека се очекува батеријата „Patriot“ да ѝ биде испорачана на Украина во текот на февруари 2023 година. Останува нејасно чии воени екипажи ќе дејствуваат со овие скапи и софистицирани системи во Украина, односно дали за тоа веќе биле обучувани украински војници, бидејќи во вообичаени услови станува збор за сложена повеќемесечна обука.

 

„Patriot“ е најскапото оружје за Украина

Западните медиуми пренесувајќи ја информациите наведува дека „Patriot“, кој го произведува компанијата од наменскиот воен сектор „Raytheon“ е „најсофистицираниот систем за противвоздушна одбрана“ на САД.

Не е познато колку модифицираниот „Patriot“ според своите технички карактеристики и ефикасноста е подобар од најнапредниот американски систем за противоздушна и противракетна одбрана ТHAAD (Therminal High Altitude Area Defense), како што го опишува неговите производител „Lockheed Martin“ и „Raytheon“, проценет на две милијарди долари од кои само еден е надвор од САД разместен е пред повеќе од осум години во Јужна Кореја, а вториот испорачан во 2019-та во Израел

Меѓутоа, според стручњаците од вашингтонскиот Центар за стратегиски и меѓународни студии (CSIS), системот „Patriot“ ќе стане „најскапиот вооружен систем кој САД ѝ го доставија на Украина“ досега. Имено секоја единица чини околу 1,1 милијарда долари, и тоа 400 милиони се лансерите, командниот модул и радарскиот систем за лоцирање, и околу 700 милиони долари за ракетите за пресретнувачи. Еден проектил од најновата модификација го чини Пентагон 4,1 милиони долари.

Станува збор за армиски мобилни системи за противвоздушна одбрана стапија во вооружувањето на американката војска во 1980-те години. Развиени се за соборување авиони, беспилотни летала, крстосувачки и балистички проектил со краток и среден дострел. Една батерија вклучува пет до осум мобилни единици. На платформата може да се сместат контејнери за лансирање за 4 или 16 проектили, во зависност од модификацијата.

Во моментов системи „Patriot“ во своите вооружување ги имаат или планираат наскоро да ги набават 18 земји во светот, меѓу кои Германија, Израел, Јапонија, Јужна Кореја, Романија…

Овие системи американската војска активно ги користење во текот на операциите во Персискиот залив, односно Заливската војна во 1991-ва и инвазијата на САД и сојузниците врз Ирак во март 2003 година.