
Премиерот Димитар Ковачевски им се извини на Телевизија Телма и Алфа ТВ, за тоа што Телма телевизија ја обвини дека зад уредувачката политика стои енергетска компанија, а за Алфа ТВ рече дека е гласило на опозициската партија ВМРО ДПМНЕ.
„Би сакал да повторам дека јас не посочив ниту еден медиум конкретно и тоа може да се потврди преку снимката, од прес конференцијата. Но сепак, ако некој се препозна во мојата изјава и ако е тоа вистина, и ако има потреба од извинување, тогаш го има моето извинување. Морам да сум многу јасен дека не постои професија која јас не ја почитувам и ценам“, изјави премиерот.