Тринаесетгодишна Јапонка ја уби мајка си поради смартфон

Во централната јапонска префектура Шизуока, тринаесетгодишно девојче поради кавга околу корустењето на паметниот телефон ја убило својата мајка, извести во средата националната телевизија NHK.

Трагедијата се случила ноќта од понеделник кон вторникот. Полицајците кои пристигнале на повик на членовите на семејството во градот Макинохара малку пред полноќ, во спалната соба на вторито кат од куќата затекнале жена во 40-те години облеана во крв, која набрзо по транспортирањето во болницата била прогласена за мртва.

Очевидци на настанот рекле дека во злосторството е вмешано дете. Набрзо потоа девојчето признало дека ја убило мајка си, како и дека разговарале за паметен телефон.

Во текот на сослушувањето во полицијата, девојчето рекло дека имала проблеми со мајка си поради смартфонот. Полицијата верува дека меѓу двете избувнала жестока кавга, а девојчето ја демнело и ја нападнала мајката кога заспала, нанесувајќи и повеќе удари со нож во пределот на вратот.

Девојчето е сместено во установа за работа со деца од проблематични семејства или со деца на коишто им потребна помош. Поради фактот што е помладо од 14 години, не може да биде покрената кривична постапка против неа. Со оглед на нејзината 13-годишна возраст, таа наместо тоа ќе биде третирана како малолетна престапничка.