ФОТО| Снег вечерва на неколку патни правци низ земјата

Во четвртокот вечерта врне снег во Македонија, како што претходно во текот на денот предупредија од УХМР, па така имаме дожд на пониските делови од земјата, додека на повисоките места врне снег веќе неколку часа наназад.

Според видео камерите на Skimacedonia се гледа дека снег врне во овој момент во Маврово, но и на Попова Шапка.

Снег врне и во Пониква, како и на Пелистер.

Од УХМР најавуваат дека снег ќе врне и во следните денови, особено за викендот и идната седмица.