
Руските единици воспоставиле оперативна контрола над четири места во близина на Орехов во југоисточната украинска област Запорожје, го цитира агенцијата РИА Владимир Рогов, член на главниот совет на регионалната администрација воспоставена од Москва.
„Како резултат на денешните оперативни борбени дејствија и извидувачки сили беше преземена контролата над четири населени места на југозапад и на југоисток од Орехов“, изјавил Рогов чие тврдење не може да се потврди од независни извори.
Според него, украинските единици се повлекле на резервната одбранбена линија, но дека продолжуваат борбите во областа. Самиот град Орехов сѐ уште е под контрола на украинската војска, потврдил Рогов.
По речиси целомесечно затишје на фронтот во Херсонската областа, руските војски во четвртокот минале во офанзивни дејствија во правец на градот Орехов.
Претходно минатата седмица проруските воено-админситративни власти на областа Херсон, којашто иако целосно не ја контролира руската војска со референдумот ланскиот септември се присоедини на Русија, соопшти дека украинските сили кои до неодамна се подготвувале за офанзива во регионот на Запорожје, нагло ја смениле тактиката и почнале да подигнуваат силни утврдувања во делот од областа кој е под контрола на Киев.
Истовремено, беше известено дека украинските сили во главниот регионален град во регионот, во Запорожје започнале со подготовка за урбани борби, формирајќи утврдувања на приодите од градот и предградијата, ја минираат клучната инфраструктура и поставуваат воени позициите во фабричките простори.
По есенските напредувања на украинските сили, откако руската војска го напушти и најголемиот град во запорошката област Херсон, се премести на левиот брег на реката Дњепар, украинската војска без борбени дејствија зема под контрола 30 отсто од регионот.
Меѓутоа, поради отсуството на борбени дејствија во регионот Херсон а поради руската офанзива на границата од соседниот регион Доњецк при што беше заземен важниот град Соледар и опколен стратешкиот близок град Бахмут, украинската команда дел од единиците од Запорежје ги префрли на Доњецкиот фронт.
Таквата ситуација ја користат руските трупи кои секојдневно со спорадични упади на различни делови од линијата на раздвојување на десниот брег од Дњепар вршат притисок врз украинските одбранбени линии.