10 „селфија“ снимени непосредно пред смрт

„Селфи“ манија веќе одамна ја зафати целата планета, а овој израз се вдоми во секојдневниот говор како кај младата така и кај постарата полулација. Бизарната колекција на овие фотографии покажува десет „селфија“ кои луѓето ги насликале пред да го изгубат својот живот.

 

1. Ксенија Игнатијева

Ксениа Игнатијева направила „селфи“ качувајќи се на врв на мост за да ги воодушеви своите пријатели. Младата Русинка (17) изгубила рамнотежа и паднала на електрични кабли, трагично губејќи го животот.

 2. Џени Ривера

Мексиканската поп ѕвезда Џени Ривера, во декември 2012 година ја насликала оваа фотографија на која е со својата екипа, непосредно пред да се урне нејзиниот приватен авион. Во несреќата немало преживеани.

3. КОртни Сенфорд

Во април годинава Кортни ја постирала оваа фотографија како реакција на планетарниот хит на Фарел Вилијамс – „Happy”, што го слушала во моментот кога управувала со своето возило. Само неколку секунди подоцна, се судрила со камион и загинала.

4. „Џадијел“

Ова фотографија познатиот порторикански реге уметник „Џадијел“  ја поставил на Инстаграм во мај годинава. Неколку моменти подоцна, фатална несреќа му го одземала животот.

5. „Селфи“ на летот „МХ17“ 

Гери Слоук и неговата мајка се фотографирале неколку минути пред да се урне авионот „Малезија ерлајнс“, со кој патувале од Амстердам. Авионот е урнат над Украина.

 6. Оскар Агилар

Мексиканскиот колекционер на пиштоли, Оскар Агилар (21) го изгубил животот кога се обидел да направи „селфи“ со пиштол. Случајно се застрелал во главата.

7. Карен Ернандез

Тринаесетгодишна девојка Карен Ернандез сакала да се фотографира на брегот на реката Ел Тунар во Мексико. Се лизнала и паднала во реката, во која се удавила.

8. „Селфи“ на врв на воз

Во март годинава млад Шпанец (21) загинал кога се обидувал да направи фотографија качен на врв на воз во движење.

9. Ирански девојки

Овие две девојки се фотографирале додека пееле караоке во својот автомобил. Гледајќи ги фотографиите не внимавале на патот и се удрлиле во друго возило . За разлика од останатите на оваа листа, двете девојки преживеале, а што е уште побизарно, направиле „селфи“ и на пат кон болница.

 10. „Селфи“ од карпа

Полски пар кој бил на одмор во Португалија, кога се обиделе да се фотографираат на работ од карпа, двајцата изгубиле рамнотежа, паднале и загинале.