
Македонската судиска двојка доби нова задача на Светското првенство кое се одржува во Шведска и Полска. Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат дербито меѓу Франција и Шпанија.
Ова е последен меч од главната рунда во рамките на групата 1. Двете селекции имаат по четири победи од стартот на Мундијалот и победникот ќе стартува од првото место во четвртфиналето.
Мечот меѓу Франција и Шпанија се игра во „Таурон Арена“ во Краков од 21:00 часот