Зависноста од бенефиции во Велика Британија достигна највисоко ниво на сите времиња, покажува студија според којашто повеќе од половината од домаќинствата добиваат повеќе од владата отколку што плаќаат данок.
Нешто повеќе од половината државјани на Велика Британија се потпираат на помошта од државата, откако владата на почетокот на пандемијата на Covid-19 беше принудена да воведе обемни мерки за поддршка, покажува во понеделникот објавената анализа на институтот Civitas.
Дури 54,2 отсто од 36-те милиони британски граѓани добиваат помош од државата која ги надминува нивните даночни обврски, утврдиле во Civitas анализирајќи ги податоците од британското статистичко биро ONS за периодот 2020/2021 година.
Помошта на ја вклучува безготивинската уплата за системот за здравствена грижа и услугите во образованието. Ткн „нето зависност“ од државата е највисока откако Civitas ги анализира податоците, истакнуваат авторите на извештајот Нокс и Даниел Лилиј.
Од 2011 до 2019/2020 година уделот на британските граѓани кои примаат државна помош се намалил од 52,5 на 47,5 отсто, а во текот на пандемијата пораснал поради широката палета мерки за помош.
„Долгорочниот тренд јасно покажува раст, со просекот во периодот меѓу 1977 и 2000 годна од 41,2 отсто, и 54,2 отсто во 2020/2021 година“, истакнуваат од Civitas.
Истражувањето е претставено пред да биде презентирана ткн Бела книга за надоместоците којашто британското Министерство за труд и пензии ќе ги објави следните месеци, пред објавувањето на ткн пролетен буџет.
На иницијатива на премиерот Риши Сунак, министерот за труд и пензискиот систем Мел Страјд планира да го измени системот за поддршка за да го поттикне вработувањето кое не се врати на предпандемиските нивоа, што резултираше со недостиг од работна сила.
Премиерот Сунак минатата седмица изјави дека владата ќе разгледува низа мерки за да се надмине проблемот.
„Мораме да анализираме како функционира нашиот систем за социјална грижа и дали функционира како што би сакале во рамките на настојувањата да ги поддржиме и поттикнеме луѓето кои тоа го можат, да работат“, изјави минатата седмица премиерот Сунак најавувајќи дека неговата влада разгледува низа мерки за да го надмине проблемот.
Анализата на Civitas покажува дека 83 отсто од даноците на приход ги плаќаат само 40 отсто од возрасните Британци.
Институтот Civitas важи за близок на владејачките ториевци и според пишувањето на конзервативниот весник The Times се противи на ткн „зелена“ регулатива и засиленото потпирање на обновливите извори на енергија.
Во анализата објавена во понеделникот институтот утврдил и дека 40 отсто од Британците се долниот дел од скалата на приходи, или 27 милиони луѓе, примаат во просек 23.000 фунти, или 26.255 евра, годишно во парични надоместоци и „бенефиции во натура“.
Во ноември минатата 2022 година министерот за финансии Џереми Хант потврди дека оваа пролет ќе бидат подигнати надоместоците за инвалидитет и за вработените за 10,1 отсто, за да ги прилагоди на стапката на инфлацијата која е на највисокото ниво во последните речиси половина век. Трошокот за зголемувањето е проценето на 11 милијарди фунти, процени тогаш Хант.
Воедно министерот изрази загриженост поради „острото зголемување на бројот на економски неактивни работоспособни возрасни граѓани“, најавувајќи анализа на проблемите кои на луѓето им го оневозможуваат враќањето на работните места.
Повеќе од 600.000 приматели на универзалните даночни олеснувања во Обединетото Кралство ќе бидат повикани на состаноци со стручни консултанти за професионална ориентација „за да ја добијат потребната помош за зголемување на бројот работни часови“, најави министерот Хант.