Снимањето на вестернот „Rust“ ќе продолжи со Алек Болдвин во главната улога, изјави адвокатката на продукцијата во понеделникот, неколку дена откако обвинителите објавија дека подигнале обвинение против актерот поради пукањето на филмскиот сет во кое беше убиена снимателката Халина Хатчинс.
„Болдвин ќе продолжи да го игра дедото Харланд Раст, а Џоел Соуза ќе се врати како режисер“ на „Rust“ откако беше ранет на сетот во октомври 2021 година, изјави Мелинда Спадоне, адвокатката на продукцијата на филмот.
Сопругот на покојната снимателка Мет Хатчинс останува извршен продуцент, а филмот ќе биде довршен, истакна во писмена изјава за медиумите адвокатката Спадоне.
Халина Хатчинс беше убиена на филмскиот свет на импровизиран ранч во близина на Санта Фе во американската сојузна држава Њу Мексико, кога пиштолот со кој Болдвин увежбувал сцена на двобој истрелал вистински куршум кој притоа тешко го рани и Соуза.
Окружната обвинителка Мери Каркмак-Олтвајс во четвртокот објави дека ќе подигне обвинение против актерот и продуцент Алек Болдвин и оружарката на сетот Хана Гутиерез-Рид по две точки од обвинението за убиство од небрежност.
Болдвин ланскиот октомври постигна спогодба со семејството Хатчинс, со којашто Мет Хатчинс ја презема улогата на продуцент, а снимањето ќе продолжи подоцна во јануари.
Актерот ја негира својата одговорност за пукањето. Болдвин повеќепати повтори дека вистинските куршуми никако не смееле да се најдат на филмскиот сет, а дека лицата кои ракуваат со оружјето се одговорни за репликите на огнените оружја и муницијата.
Сега истрагата ја води канцеларијата на шерифот на Санта Фе, која треба да открие како боевите куршуми се нашле на филмскиот свет.
Правните аналитичари велат дека обвинителите ќе се соочат со тешка битка обвинувајќи го Болдвин, бидејќи нема докази дека знаел дека постојат вистински куршуми и дека не преземал никакви мерки за претпазливост.
Агенцијата за безбедност на работниците на државата Њу Мексико во април ја казни филмската продуцентска куќа со најголемата можна сума за она што го опиша како „намерни“ безбедносни пропусти кои довеле до смртта на Хатчинс.
Агенцијата откри дека продуцентската куќа „Rust Move Productions LLC“ знаеле дека безбедносните процедури за огненото оружје не се почитуваат и покажале „чиста рамнодушност“ во однос на опасностите.