Двајца филипински воени пилота загинаа кога нивниот авион се урнал во текот на тренажен лет во средата, соопштија филипинските воздухопловни сили.
Авионот од моделот „SF-260 TP Marchetti“ е забележан како паѓа во оризови полиња во покраината Батаан, западно од главниот град Манила, 40 минути по полетувањето. Покрената е истрага за причината за несреќата.
Филипинските воздухопловни сили соопштија дека привремено ја приземјиле целата своја флотила авиони за обука од типот „SF-260 TP Marchetti“.
Овој тип летало, кој е во функција на Филипини од 1970-те години, исто така, служел порано и како лесен борбен авион, вклучително и во текот на повеќемесечните воздушни удари врз јужниот град Марави откако во 2017 година го преземаа милитантите поврзани со ултрарадикалната исламистичка организација Исламска држава.
Филипинските воздухопловните сили во посебно соопштение известија дека нивните хеликоптери во средата учествуваат во операциите на потрага по исчезнат авион од моделот „Cessna“ со шест цивили, кој во вторникот не пристигнал на аеродромот во североисточната покраина Исабела.