Покојната Дајана му поклони 12 милиони евра на принцот Хари

Принцот Хари кој денеска полни 30 години, како подарок од неговата покојна мајка доби 12 милиони евра.

Принцезата Дајана во својот тестамент оставила голема сума на пари на своите синови, кои истите можат да ги користат откако ќе наполнат 30 години.

Постариот син, 32.годишниот Вилијам за неговиот 30-ти роденден го доби својот дел од наследството.