Хуманитарна акција на советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Град Скопје

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија во град Скопје организираше хуманитарна акција за социјално ранливи категории на семејства и семејства на кои е потребна поддршка во овие тешки времиња.

„Ова е мал придонес и поттик за општествена одговорност кон луѓето на кои им е потребно поголемо внимание и грижа“, објави на Фејсбук советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Колаицијата на Град Скопје.