Внукот на Али Ахмети приведен за трговија со дрога, дознава ТВ Алфа

Муса Ахмети, внукот на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети приведен за трговија со дрога, дознава Телевизија Алфа, откако пред извесен период се вратил од Косово, каде престокувај бил некое време.

Набрзо по доаѓањето во Македонија, споменатиот бил фатен со дрога, според сознанијата на телевизијата.

Поради информациите кои ги добила од „свиркач“, телевизијата до Министерството за внатрешни работи, дали во Кичево е уаспено лице под името Муса Ахмети.

„Дали во текот на минативе три седмици од страна на полицијата во Кичево бил уапсен Муса Ахмети под сомнеж за неовластено поседување и пуштање во промет на опојни дроги?“, е прашањето кое Алфа го поставило до МВР.

Во одговорот кој го добиле се наведени само иницијалите М.А, за лице кое во кичевското село Зајас било уапсено по извршен претрес во неговиот дом.

„На 29/30.10 2022 во времето од 19.10 часот до 00.10 часот по издадена наредба од Основен суд Кичево за вршење на претрес во дом и помошни простории, извршен е претрес во домот кај лицето М.А. (34) од село Зајас, кичевско. При претресот пронајдени се и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и кокаин, четири куршуми, чинија со остатоци од кокаин. За овој кривично правен настан под сомнение за сторено кривично дело… известен е јавен обвинител од ОЈО Кичево. На 20.12 2022 ОВР Кичево поднесе кривична пријава… против М. А. од Зајас“, информираат од МВР.

М. А., лицето кое има исти иницијали со Муса Ахмети бил уапсен на 27-ми декември во Кичево поради кривично, однсно правниот настан кој му се става на товар.