Претежно облачно и студено со локални врнежи од дожд и снег

Времето во Македонија во петокот ќе биде претежно облачно и студено со повремени локални врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Утринските температури се движат од минус 5 до 2, а максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу минус 1 во западниот дел и 5 на југот на земјата.

Во Скопје и околината денеска ќе преовладува облачно време со услови за повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи до 5 степени.