
СДС се толку одлепени од реалноста штом се одлучуваат да држат вакви прес конференции, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Даниела Николова од СДСМ.
Нивниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски како одговорен за потврди дека државата нема стратегија за привлекување на странски инвестиции, и уште полошо, дека смета дека нема потреба од стратегија.
СДС треба да и каже на јавноста дека Агенција за странски инвестиции и Дирекција за ТИРЗ има над 130 редовно вработени и уште дополнително ангажирани лица на договорни услуги и се со годишни буџети од над 43 милиони евра и просечни месечни плати по вработен од над 52.000 денари. Токму тие функционираат без никаква стратегија, без никаква идна перспектива или концепт.
Единствен инвеститор во ТИРЗ за време на СДС е Пиксел груп основана од Ковачевски.
Вистината е дека Македонија е на дното во регионот, нема нови инвестиции има само поволности за фирмите блиски до Ковачевски, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.