Пензионираниот генерал Петр Павел победник на претседателските избори во Чешка

петр павелПензионираниот генерал и поранешен висок функционер во НАТО, Петр Павел, е победник на претседателските избори во Чешка по преброените 99,99 отсто од гласачките ливчиња, во кои 58,28 отсто се во негова полза.

Неговиот ривал, поранешниот премиер милијардер до словачко потекло Андреј Бабиш освоил 41,72 отсто од гласовите, покажуваат резултатите објавени на мрежните страници на Чешкото биро за статистика.

Бабиш во изјава за чешката јавна телевизија му ја честиташе изборната победа на својот ривал.

„Му честитам на г-дин Павел за победата за изборите за претседател на Чешка. Му посакувам на г-дин Павел да биде претседател на сите Чеси и да се бори за интересите на Чешката Република“, изјави Бабиш.

Претседателската должност во Чешката Република, како и во повеќето европски земји е главно церемонијална, шефот на државата го распушта парламент, го дава мандатот за формирање владата и е врховен командант на вооружените сили, ги именува гувернерот на централната банка и уставните судии.

Поранешниот припадник на елитните подобрански единици, 61-годишниот Павел во текот на изборната кампања порачуваше дека сака да биде „претседател достоен на земја членка на Европската унија и на НАТО“.

Неговиот ривал во вториот круг, 68-годишниот Бабиш е претприемач со словачко потекло, деловен магнат во секторот хемикалии, храна, земјоделие и медиуми. Неговото богатство беше истражувано од чешкото и европското правосудство што заврши без какви и да се откритија за злоупотреби, а изборите во вториот круг ги нарече „референдум за Бабиш“.

Кампањата меѓу двата изборни круга беше остра, со низа дезинформации насочени и против Павел како и со смртни закани за Бабиш и неговото семејство.

Павел влегол во редовите на чешката армија во време на комунистичкиот период кога земјата беше дел од Варшавскиот пакт под водство на тогашниот Советски сојуз, а одликуван е за учество во мировните операции во поранешна Југославија во 1990-те години. Се искачи до началник на чешкиот Генералштаб и беше претседател на воениот комитет НАТО три години пред пензионирањето во 2018 година.

Павел се кандидираше на платформата дека Чешка остане цврсто поврзана со ЕУ и со НАТО, како и да ја поддржува воената помош за Украина во нејзината војна во Русија.

Бабиш во завршницата на кампањата се базираше на стравот на војната во Украина. Рече дека би понудил посредување во мировни преговори меѓу Киев и Москва и сугерираше дека Павел како поранешен војник може да ја милитаризира Чешка и да ја вовлече во војната,

Како челник на најголемата опозициска партија, Бабиш, исто така, гласењето за него го нарече протест против владата којашто е критикувана поради малата помош за граѓаните кои се справуваат со остриот раст на цените, особено на енергијата.