
И украинската и руската страна во неделата меѓусебно се обвинија за ракетни напади во коишто има загинати цивили во борбите во јужните украински области Херсон и Запорожје
Три лица загинале во неделата во гранатирање на градот Херсон, соопштија властите именувани од Киев додавајќи дека во нападот биле оштетени градската болница и училиште.
„Во денешното руски гранатирање имаме тројца загинати и шест ранети, двајца мажи и жена. Оштетени се низа инфраструктурни објекти, вклучително и регионална болница, училиште, автобуска станица, пошта банка и станбени згради“, се тврди во објавата на украинските власти на Telegram.
Херсон беше под контрола на руските војски од првите денови на инвазијата ланскиот февруари, но руските единици се повлекоа во ноември на источниот брег од реката Дњепар која го дели градот, поради неможноста ефикасно да биде бранет. Украинската војска претпазливо по неколку дена влезе во градот и оттогаш тамошната клучна инфраструктура е цел на руската артилерија.
Претходно во неделата челникот на проруската воено-цивилна администрација на соседниот регион Зепорожје, Владимир Рогов, исто така, на Telegram објави дека во украинско ракетирање на мост во близна на Мелиопол загинале пет цивили,
„Пет лица е убиени. Четири лица се ранети, од кои две се во тешка состојба“, објави Рогов.
Привремениот гувернер на регионот Запорожје именуван од Москва, Евгениј Блицки, изјави дека во моментот на нападот на мостот имало луѓе. Според него, украинската војска намерно го нападнала тој цивилен инфраструктурен објект додека на него имало работници, со што извршила „уште едно воено злосторство врз цивилите“.
„Во тоа време на објектот се изведуваат поправки. Според првичните податоци, како резултат на ракетирањето четири од жртвите се од железницата, а пет се ранети и им се укажува неопходната медицинска помош“, објави Блицки.
Проруските власти во Запорожје во септември како и во Херсон се одржаа референдуми со кои двете области со мнозинско руско население се приклучија на Русија што Украина и Западот го сметаат за незаконска руска анексија.
Во неделата руската страна објави дека украинските единици истрелале три проектила од американските повеќекратни системи за лансирање ракети со долг дострел HIMARS врз железничкиот мост преку реката Молочнаја во Мелитополската област. Според истиот извор, од истреланите три ракети една била соборена.
Ситуацијата на линијата на фронтот во регионот Запорожје последните седмици е тензична. Веќе неколку месеци се најавува офанзива на украинската војска, но последните седмици забележано е тешко вкопување на украинската војска на одбранбени позиции, откако руските сили успеаја без големи борби да заземат некои населени места. Руската војска очекува дека украинските напади ќе бидат насочени кон градот Енергодар, близу најголемата нуклеарна централа во Европа – Запорожје која е под руска контрола на руската војска од почетокот на конфликтот, како и градовите Мелитопол и Бердјанск.