Руските борци по преземањето на контролата од украинските сили на некои населби во источниот град Бахмут (Артемовск, на руски) на граничните области на доминантно руската источна украинска област Доњецк откриле тела веројатно на странски платеници кои се борат на страната на Киев од кои биле отсечени дланките и главите, изјави основачот на руската приватна воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин, во објава на апликацијата Telegram.
„Денеска во Бахмут единиците на ПВК ‘Вагнер’ пронајдоа тела со отсечени глави и дланки. А, исто така, и телефони и други информации дека телата припаѓаат на платеници, кои непријателот не можел да ги извлече поради жестоките борби и на тој начин се обидел да го прикрие нивното присуство и идентитет. Сепак, заедно со телата беа најдени и електронски носачи на информации“, го цитира Пригожин неговата служба за односи со јавноста.
Се додава дека „сите тела и докази наскоро ќе бидат предадена на истражните органи за натамошно постапување“.
Во меѓувреме и натаму се известува за жестоки борби во Бахмут. Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников во интервјуто емитувано на канадската телевизија CBC потврди дека во источната насока кон Доњецк е „ситуацијата е сложена, но е под контрола“, без да прецизира поединости.
Од друга страна, Денис Пушилин, челникот на проруските бунтовници кои по превратот во Киев во 2014-та под контрола ја имаат најголемиот дел од територијата на регионот, соопшти дека борбите се водат на периферијата на Бахмут и во населби кои до неодамна биле под контрола на украинските сили. Притоа додаде дека украинската команда кон градот префрлуваат нови единици од други позиции во Доњецк, како и од соседниот регион Луганск, но дека претрпуваат значителни загуби.
Претходно седмицава командантот на специјалните сили „Ахмат“, составено главно од чеченски борци и заменик командант на силите на Луганс, Апти Алаудинови, изјави дека руските војски го довршуваат целосното опколување на Бахмут, а политичкиот претставник на Доњецката област Игор Кимаковски објави дека украинската војска биле принудени да ги префрлат во Бахмут единиците од градот Угледар, каде што влегле руските единици.
Бахмит се наоѓа во областа близу поранешната административна граница на отцепениот украински регион Доњецк која сѐ уште ја контролираат војските под команда на Киев, северно од големиот град Горловка. Станува збор за важен транспортен центар за снабдување на украинските трупи во Донбас. Бахмут се наоѓа и на главниот патен правец кон градовите Славјанск и Краматорск, и двата во индустрискиот регион Донбас, а од нив се отвора простор за руско напредување кон централна Украина.